Дали сте спремни за Еразмус + во рајските 🏝 острови на Карибите?!✈️
За прв пат учествуваме во прекуокеанска размена во Францунските острови Гвадалупе.
7 учесници од Македонија ќе имаат незаборавна шанса да земат учество на овој настан со наслов “Conseil de L’Union Europeene”.Целта на оваа размена е зајакнување на одностите на Франција со другите земји на ЕУ и француските прекуморски региони и заедници.
Важни информации:
Учесниците да имаат од 18 до 30 години
Датум на реализација: 11-20 октомври 2021 година
Сите трошоци за присуство на размената се покриени.
Согласно рестрикциите на Франција и посебните рестрикции на островот Гвадалупе,
Документи за патување
:• доказ за вакцинација. Ова ќе важи само под услов доколку е помината комплетната предвидена шема за вакцинација, имено:
• 7 дена по втората вакцина при двојна доза (Pfizer, Moderna, AstraZeneca (Vaxevria и Covishield));• 4 недели по вакцинирањето предвидено со една доза (Johnson & Johnson);
• морална изјава, која може да се преземе од веб-страницата на Министерството за внатрешни работи, со којашто се потврдува:дека немате симптоми на инфекција „Ковид-19“;дека, не сте биле во контакт со ваше знаење со потврден случај на Ковид-19 во последните 14 дена пред вашето патување.Освен горенаведениот доказ, потребно е да имате:1. PCR тест (72 часа пред пристигнувањето)2. Антиџен брз тест (48 часа пред пристигнувањето);
Пријавете се најдоцна до 24.09.2021 година на следниов линк:
There are no comments