Започни го твојот 30 дневен предизвик со активности на отворено

Започни го твојот 30 дневен предизвик со активности на отворено и добиј интересни награди!

Овој предизвик е наменет за сите млади и етузијасти кој што сакаат да излезат надвор и да бидат активни. Предизвикот вклучкува 30 активности кои што можат да се играат индивидуално и во тим. Секоја активност е детално опишана и по завршувањето на едната активност можете да започнете со наредната.

Активностите се поделени во 3 категории:

  • Физички активности на отворено
  • Раскажување на приказни во природа
  • Игри за социјална инклузија

 

За да започнете со игрите, треба да ги прочитате упатствата и да планирате сè однапред. За оние игри кои вклучуваат повеќе од едно лице, погрижете се да ги споделите инструкциите со нив. Секоја игра содржи прашања за саморефлексија кои ќе ви помогнат во процесот на личен раст и градење доверливи односи со вашите пријатели и семејството.

Чекори за да го започнете предизвикот:

  1. Посетете ја страната: https://www.outdoor-project.eu/?fbclid=IwAR3a1iR7uVqTUxaIU-F-F_F8VdK6RAGQ0BipLL9sEWDrYleXzgcLPg1F8pg
  2. Во главното мени кликнете на: 30 Day Challenge
  3. Register and log in (на емаил адресата што ќе ја внесете ќе добиете потврда дека сте успешно регистрирани);
  4. Во делот 30 Day Challenge ќе Ви се појави подмени каде што треба да кликнете Challenges
  5. По завршувањето на секој предизвик треба кликнете Submit Challenge каде што треба да одговорите на Reflection Questions* кој што ги имате во самиот предизвик.
  6. За секој завршен предизвик ќе добиете потврда на емаил каде што ќе можете да ги прегледате сите претходни активности.

Првите 100 учесници кои ќе го завршат предизвикот ќе добијат брендиран поклон.

Времетрањето на завршувањето на целиот предизвик не е ограничено, но наша препорака е да го завршите за најмногу 60 дена.

Се гледаме надвор!

Share on

There are no comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart