Методологијата базирана на отворено е креирана со цел да предложи структуриран пристап, насоки и упатсва за организирање на активности и настава во природа.
Секоја индивидуа ќе може да го започне искуството на отворено со цел да изгради активен животен стил и да развие емоционална поврзаност со нивната околина и заедница.
Воспитувачите, семејствата и другите членови на заедницата имаат улога во постигнувањето на оваа визија преку демонстрирање позитивен став и учество во предложените активности и предизвици. Без разлика дали играте во дворот, пешачете по блиската патека или посетувате национален парк, овој водич исполнет со забава ќе ве инспирира да излезете надвор и да истражувате.
Методологијата содржи:
Перспективи од истражувањето спроведено во Северна македонија, Германија и Грција;
Аспекти и ресурси кои треба да се земат во предвид при организирање на активности на отворено;
Креирање на доверливи врски преку методата на разкажување на приказни во природа;
Како да ги мотивираме младите да се вклучат во активности на отворено
Безбедно организирање на активности на отворено;
Како да се интергрира методологијата базирана на отворено во образовните програми;
Методологијата може да најде примена во надградбата на теоретската рамка за образование на отворено, ментално здравје и социјална кохезија со услови специфични за земјата, а особено поврзани со ефектите од КОВИД – 19, како и податоците од истражувањето од студија спроведена на младата популација. Сметаме дека Методологијата ќе биде исто така многу корисна во однос на поддршката на работата на многу организации во рамките на европските земји и може да има значајно влијание врз идните истражувања и младински проекти
.
Методологијата е изработена како дел од проектот ЌАктивности на отворено за социјална поврзаност, кохезија и благосостојба на младите (OA/SCY)”. Број на проект: 2020-3-MK01- KA205-094423 .
There are no comments