Млади претприемачи

Иницијативата за #млади#претприемачи е проект за промовирање на претприемништвото и неговите можности за младите. Преку оваа иницијатива дополително промовираме едукација и инспирација на младите луѓе да го прифатат претприемничкото размислување, да ги поттикнат #иновациите и да ја зајакнат нашата #глобална#економија.

Целта на овој проект е да ги поттикне и поддржи новите и постоечките млади претприемачи, како и да обезбеди ресурси и информации за младите за да можат да ја испитаат опцијата за самовработување како перспектива и остварлива кариера.На наше огромно задоволство, Кристина, Ива, Лина, Атонела и Мартин ќе бидат дел од нашиот нареден настан каде што ќе зборуваат за нивните бизниси и што е тоа што ги инспирирало да го започнат овој предизвик.

Кристина Гаштарова, 18 годишна девојка, која во 2020 започна со нејзиниот бизнис “SockitUP”. Средношколка, амбициозна и доволно храбра за од нула да започне со скроз непознато, она што е најактуелно и кул за младите. Идеата доаѓа од модерниот стил да облeкување, а остварување на истата преку мотивација, желба и дома самоиницијативно смислен маркетинг, лого и реклама.

Ива Џорлева има 18 години и од јули 2020 година започна со “SLIVA”. Љубовта кон цртањето решила да ја вложи во изработка на лимитирани парчиња облека и аксесоари со рачно цртани дизајни, што всушност претставува материјализирање на нејзината пасија во брендот SLIVA.

Антонела Митева, има 17 години и од 2021година започна со “ANTO”. ANTO е онлајн креативна продавница за облека и аксесоари,во која ќе наидете на различни, но некои од нив и единствени видови на ташни,беретки,тренерки.

Мартин Димитров од Kочани има 22 години и неговиот бизнис “flagup_/IzberiPrint” е за печатење и принт на секов вид на материјал.

Лина Накова има 20 години и од 2021 година започна со бизниост “Digitalized” за припрема и изработка на дигитални слики.Доколу сеуште се мислите дали Вашата идеја да ја претворите во бизнис, овој настан е токму за Вас.

Онлајн настанот ќе се организира на 06.12.2021 година со почеток во 20 часот на платформата ZOOM.

Линк за регистрација:

https://docs.google.com/forms/d/1DYc5_k3iMjQkY6gNetsVaSsvO0dJyaaD368wO7Yy8eU/prefill

Share on

There are no comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart