На кафе со Креативна Станица

Почитувани спработници и млади ентузијасти,

Креативците од “Kреативна станица” со задоволство Ви ја најавуваат првата кафе дружба која што ќе се организира во четврток (11.03.2021) со почеток во 18:00 часот во Универзитетскиот ресторан. За време на настанот ќе бидат презентирани ново креираните тимови за работа, каде што секој од Вас ќе може да се приклучи и работи.

Доколку имате идеи за работа, сакате да се дружите и учете јазици, да ги надоградите своите лидерски и комуникативни вештини, тогаш ова е вистинскиот настан за Вас!

Линк за регистрација: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdHACVtjkQNaFuuPnKZ2Bv2PSr19qfm3yfQNScirBTCjMmeJA/viewform?usp=pp_url

Што е Креативна Станица?

Креативна станица е тело на “Младински Борд” формирано од млади за млади.

Зошто креативна станица?

  • Можност да се стекнете со нови вештини;
  • Место каде што можеш да биде поразличен и уникатен;
  • Можност за усовршување на станските јазици;
  • Место за иновации и развој;
  • Можност за надоградување на знањето преку учество на обуки и тренинзи во државата и странство.

Важни информации:

  • За време на настанот ќе бидат почитувани сите мерки за заштита од COVID-19;
  • Сите присутни задолжително треба да носат маски.
  • Организаторот ќе обезбеди средство за дезинфекција.

Ве очекуваме! 

Share on

There are no comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart

No products in the basket.