ОД ДЕТСКИ СОН ДО СВЕТСКА КАРИЕРА

До каде можат да нè однесат сонот и желбата!?
Зошто е потребно да ја следиш страста кон професијата!?
Колку неуспеси чини една успешна приказна?


Да се запознаеме со успешната приказна на Сашко Потер Мицевски. Филмски и ТВ монтажер и
дизајнер на звук по вокација, Македонецот кој додипломски студии заврши на Факултетот за
драмски уметности, магистрираше на Националната филмска и телевизиска школа (National Film
and Television School) во Лондон, а во своето CV има безброј успешни филмски и телевизиски
проекти меѓу кои и холивудски блокбастери како „Mowgli“, „Sherlock Gnomes“ „Fantastic Beasts: The
Crimes of Grindelwaldd“, “Преспав”, “(Вон)земјанинот Ли” и други.


Учесниците ќе имаат можност да дознаат повеќе за оваа професија, кои се можностите и
перспективите. Ќе имаат можност визуелно да видат како се работи и како работата се
рефлектира врз филмот. Ќе дознаат што значи монтажа на слика и звук и колку е тоа важно за
квалитетот на еден филм. Присутните ќе имаат можност да постават прашања и да дознаат повеќе за тоа што ги
интересира.


Ве покануваме на разговор со Сашко Поттер Мицевски на 24.02.2021 во 19:00 часот.
Доколку сте заинтересирани пополнете ја следнава форма:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe2UzUtcazrdlwlZ4lKab4ZmLDthRNFWRAIRlkrt4FyAoTU6Q/
viewform?usp=sf_link

Share on

Comments

  • Very nice

    Angela
    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart

No products in the basket.