Brain Break: Нова работилница на Youth On Board

Brain Break

BRAIN BREAK – Активна пауза за време на онлајн наставата

ДАТА: 24.11.2020

ЛОКАЦИЈА: ZOOM

ВРЕМЕ – 19:00

Линк за регистрација:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfrpYoLDyibWNh7Zflsy3h8CdgOqRv0XzE9n-At9rIS62zztA/viewform?usp=pp_url

Краен рок за регистрација: 23.11.2020

Интелектуалниот замор е неминовна појава при долготрајно учење, следење на предавања, читање. Истиот се манифестира преку намалување на концентрацијата, вниманието, губење на фокусот, поспаност, успорено мислење, губење на мислата, потешкотии да се поврзе материјата на која се работи. Честопати е проследено со одредени физички манифестации како болки во вратот, грбот, но и појава на досада, монотонија и губење на интерес за работа.

Кратките активни паузи можат да помогнат во вакви ситуации.

Тоа се паузи кои траат од 2- 3 минути и кои вклучуваат одредени физички вежби или движења кои имаат цел да го придвижат телото, да го зголемат дотокот на кислорот во мозокот и на таков начин да го елиминираат менталниот (интелектуалниот) замор.

Активните паузи се ефикасни бидејќи го компензираат интелектуалниот замор со активен физички одмор. Ова овозможува: освежување на мозокот и раздвижување на мускулите на целото тело. Со тоа се подобрување на концентрацијата, се враќање на фокусот на задачата, се подигнува нивото на енергијата, се отстранува поспаноста.

За кого е наменета работилницата?

Работилницата е намената за сите кои поминуваат долго време пред компјутер, во позиција на седење, со интелектуална работа која трае повеќе од 30 мин во континуитет. Ова вклучува: ученици, наставници, административни работници, ИТ професионалци, луѓе кои работат канцелариска работа и сл.

Потребата од активни паузи и нивното познавање и можностите на примена е особено важна за учениците, младите, студентите, наставниците и професорите за време на онлајн наставата кога повеќе од 4 часа во денот поминуваме во седење и работа пред компјутер.

Што ќе се изучува за време на работилницата и како?

  • Запознавање со  формите на физичка активност, вклучувајќи ја и активната пауза
  • Интелектуален замор – Што е? Како се манифестира? Како да се отстрани?
  • Активна пауза?  – Што е? Како се применува? Кои се придобивките? Кои се ефектите на долг рок? Како сами да ја примениме? Како да се примени во процесот на онлајн настава

Структура на работилницата:

  • Запознавање со формите на физичка активност и ефектите од долготрајно седење
  • Интеракција со учесниците – лични искуства
  • Активна пауза 1
  • Што е активна пауза? Како се применува? Кои се ефектите на краток рок?
  • Активна пауза 2
  • Кои се ефектите од примена на активната пауза на подолг рок? Резултати од истражувања со ученици, искуства на наставници.
  • Активна пауза 3
  • Интеракција со учесниците – како можеме сами да ја примениме активната пауза
  • Завршни пораки

Кој ќе ја изведува работилницата?

Билјана Попеска, доктор на науки по кинезиологија и дипломиран педагог, вонреден проф. на Факултет за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип (методика на Физичко образование). Национален претставник во Асоцијацијата Global Community Health и HopSport Brain Break интерактивна платформа за промоција на форми на активна пауза подржана од Обединети нации и УНЕСКО. Национален координатор на проектот HopSport Brain Break кој се реализира во 23 земји од цел свет, вклучително и Македонија. Во рамки на проектот, Brain Break платформата за активна пауза се имплементира во неколку училишта во Македонија.

Brain Break

2 Comments

  • Zadovolstvo e da se prisustvuva na predavanje kaj profesorkata Bijana. Zainteresirana sum za temata i so netrpenie cekam da slusnam nesto novo i konstruktivno. Pozdrav od Kocani !

    Ivana Miteva
    Reply
  • seems like fun

    Makrina Jordanova
    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart

No products in the basket.