Impossible n’est pas français – Невозможно не е француски збор

Француски

Онлајн работилница “Impossible n’est pas français” – “Невозможно не е француски збор”

Датум: 22.12.2020 (Вторник)

Време: 19:00

ZOОМ платформа

Линк за регистрација: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSexgrbJR-cmgOV1isbINj5EwKPE5u-9gq_PIKG0oBhKJxOh6w/viewform?usp=pp_url

Младинскиот Борд со задволство Ве поканува да се пријавите на нашиот нареден настан “Impossible n’est pas français” – “Невозможно не е француски збор”. Да ја заокружиме годината со едукација и дружење во духот на француската култура.

Насловот на овој настан доаѓа од познатата изрека на Наполеон Бонапарта “Impossible n’est pas français” „ Невозможно не е француски збор “. Оваа изрека се однесува на францускиот јазик што во превод значи “ Невозможно е да не знаеш ниту еден збор на француски јазик”. Дали се  согласувате со оваа изрека? Ако да тогаш ова е вистинската обука за Вас!

За францускиот јазик се вели дека е јазикот на љубовта. “Je t’aime”, “mon amour” “tu me manques” се најчество преведуванiте зборови според Google. Но, францускиот јазик не е само јазик на љубовта, туку и на дипломатијата. Бројот на франкофони е огромен: 220 милиони во целиот свет! Францускиот јазик е официјален јазик во 29 земји. Тоа е и јазик на кулинарството, на туризмот…

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сите оние кои сакаат да научат основна комуникација на француски јазик без разлика дали имаат или немаат познавања од јазикот.

Што ќе се изучува на работилницата:

Ќе се потрудиме на забавен и интересен начин да ве водиме низ лавиринтите на француската култура и низ историјата на францускиот јазик. Зошто гласот „р“ се изговара на специфичен начин? Кои кралеви влијаеле врз развојот на јазикот? Зошто броевите се резултат на сложени математички операции?

Сакате да комуницирате со пријателите од Франција на француски јазик? Да остварите првична комуникација? Да нарачате кафе во Париз? Оваа работилница е вистинското место за вас!

Французите се познати романтичари и љубовџии! Дознајте како да изразите љубов на француски 😊

Кој ќе ја води работилницата

Работилницата ќе биде организирана од страна на проф д-р Светлана Јакимовска, Професор по француски јазик на Универзитетот „Гоце Делчев“ -Штип.

Share on

There are no comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart

No products in the basket.