Програмата е од едукативен карактер и има за цел зајакнување на капацитетите на младите луѓе од локалната заедница за заштита и унапредување на правата кои им следуваат во насока на обезбедување на правилен младински развој и општествена благосостојба. Со оглед на тоа дека различните форми на насилство и други форми на негативни општествени случувања како нус производ на брзиот општествен развој, се едни од најголемите предизвици со кои се соочуваат младите во 21 век, идејата на програмата е да се обучат учесниците како да ги препознаат најчестите облици на кршење на нивните права во оваа област и кои се достапните механизми на заштита кои им стојат на располагање.
Основната идеја е преку непосредно учество и континуиран партиципативен однос во севкупниот ппроцес, да се искористи огромниот потенцијал што го имаат младите да бидат двигатели на промената во однос на некои од најголемите предизвици со кои се соочуваат денес, како заеднички би се понудиле решенија за подобрување на досегашните состојби.
Со програмата се опфатени некои од најчести форми на насилство на кое се изложени младите во современи услови (емоционално, физичко, сексуално насилство, со посебен осврт на врсничкото насилство). Фокус е ставен и на говорот на омраза и влијанието на медиумскиот простор и интернетот врз развојот на младите, како едни од најсериозните предизвици со кои се соочуваме во поново време кога станува збор за факторите кои го детерминираат младинското опкружување и ги обликуваат ставовите и перцепциите на младите по однос на важни општествени прашања. Предавањата ќе бидат на македонски јазик и ќе се организираат во текот на целата година. Предавач ќе биде доцент д-р Александра Роглева, професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.
Официјалната програма може да ја најдете овде:
