Облици на физичка и емоционална злоупотреба кај младите
>
>
Облици на физичка и емоционална злоупотреба кај младите

More

June 21, 2021 12:00 am

Со задоволство ви го најавуваме првиот настан од вкупно 5 (пет) кои се предвидени да се реализираат во рамки на Летната правна школа за младинско учество во процесите на препознавање и унапредување на нивните права.

Во организација на Youth on Board, на 21.06.2021 година во 12.00 часот на платформата Zoom предавање на темата ќе одржи еден од нашите нови тренери Александра Роглева, асистент на катедрата по Казнено право на Правниот факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Придружете се на нашата нова едукативна иницијатива доколку сте заинтересирани да ги проширите своите познавања од областа на заштита и унапредување на човековите права во однос на некои од најголемите предизвици со кои младите се соочуваат денес, а се одразуваат директно на нивната благосостојба и развој. На предавањето фокус ќе биде ставен на некои од најчестите форми на насилство на кое се изложени младите во современи услови – емоционално, физичко, сексуално насилство, со посебен осврт на врсничкото насилство и ќе се проанализираат ставовите и перцепциите на учесниците на настанот, по однос на овие прашања.

Линк за регистрација: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSecXKx5a80OIKoxJTZYOgAmTLFD9G4IDJ07kSIcxNyuV3qUIw/viewform?fbclid=IwAR3npfvfcEzv2q1ncmUywpasHIlkEQuH5xPGnkVYyT71_zJuR_Q0ouO_MPY

Крајниот рок за регистрација е до: 15:00 часот, 19.06.2021 година

Ве очекуваме!

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart