Youth on Board ве повикува да бидете дел од локалниот настан “Dare to be different”, кој ќе се реализира на 13.05.2023 (Сабота) во просториите на САБА со почеток во 12 часот.
Цел на настанот е да ја информираме локалната младинска заедница со можностите за едукација, едукативни патувања, развој и градење на капацитети, кои ги овозможуваме при нашето тековно работење.
На настанот ќе имате можност да дознаете повеќе за:
Акцијата „Истражи ја Европа“ и проектот „И јас сум лидер“, кој гарантира незаборавни авантури. Со овој проект, кој ќе се реализира во следниов периoд, ќе се овозможи иницирање, организирање, патување низ Европа, план за посета на културолошки и историски локации низ Европа и врсничко дружење.
Младинските размени и тренинг курсевите кои ни претстојат ширум цела Европа.
Иницијативите кои се спремаат на локално ниво, како и да се даде соодветен предлог за нови активности и настани.
Тековните проекти и резултатите кои се постигнати од истите, како и начинот на кој можат да бидат употребени.
Доколку сте заинтересирани и сакате да бидете дел од овој настан кој ќе ви овозможи да го збогатите летово со нови спомени преку младинска вклученост и активизам, потврдете учество на следниов линк (+ во био):