More
October 14, 2022 1:00 pm
Почитувани млади и поддржувачи на Младински Борд,
Со задоволство сакаме да Ве поканиме да земете учество во Еразмус + деновите организирани од страна на Младиснки Борд. Активностите ќе се организираат во Штип и ги покануваме сите млади и студенти во градот да земат активно учество.
Erasmus Days или Еразмус денови е настан кој ќе трае од 13-ти до 15-ти октомври 2022 година. Настанот ќе го слави успехот на програмата и ќе ги прикажува придобивките од искуствата за учење кои го менуваат животот на сите учесници во истата.
Во 2021 година, 5.670 настани беа организирани во 67 земји ширум светот од страна на корисниците на програмата Еразмус+ преку изложби, концерти, натпревари, семинари, партнерски мрежи, отворени денови…
Оваа година Малдински Борд ќе организира 2 активности по повод #ErasmusDays2022:
1. 1 минутна видео презентација од Вашето Еразмус + искуство. Доколку сте биле дел од Еразмус + програмата преку организиацијата споделете го Вашето кратко искуство на: info@youthonboard.com.mk Видеата ќе бидат споделени на нашите социјални мрежи на 14ти Октомври.
2. Ready, Set, Scavenge treasure hunt активност во центарот на Штип. За оваа активност ќе ја искористиме 30-day Journal апликацијата (https://www.outdoor-project.eu/wp-login.php)
Активноста ќе се реализира на 14 ти Октомври со почеток во 13 часот во паркот Бриони.
Се што треба да направите е да пријавите тим од 3 ученсици на следниот линк: https://docs.google.com/…/1FAIpQLSc1CR1yJWY…/viewform…
Тимовите ќе бидат контактирани од нашата организација и ќе ги добијат упатство за играта.
Најдобриот тим ќе освои Portable Bluetooth звучници.