More
March 31, 2022





Личниот развој се однесува на креативни процеси на остварување и зголемување на психолошките, социјалните и духовните потенцијали, но во согласност со возраста на младиот човек и специфичните искуства и потреби на личноста. 







Преку волонтирањето, едно лице може да развие самопочит и почит кон другите, како и да ги примени своите знаења и вештини преку различни видови волонтерски активности. 

МЛАДИНСКИ БОРД како организација која работи со волонтери, преку проеграмата „WBAA – Western Balkan Alumni Association“ Ви овозможува тренинг со реномиран тренер, проф. д-р. МОНИКА МАРКОВСКА (професор на Факултетот за Информатички и комуникациски технологии, при Универзитетот „Св. Климент Охридски – Битола).
Доколку сте на возраст од 16 до 24 години и сакате да бидете дел од тренингот со кој ќе имате можност да се стекнете со соодветен сертификат за знаењето кое ќе го добиете, пријавете се веднаш на следниов линк: