Привлекувањето на разумот, значи валиден аргумент!
>
>
Привлекувањето на разумот, значи валиден аргумент!

More

April 1, 2021 6:00 pm

Април ќе го започнеме со прекрасна инцијатива организирана од млади за млади. Овој пат ќе ја обрабoтуваме темата #дебата и зошто младите дебатери ни се потребни како никогаш до сега!

Што е тоа што тимот за комуникација предводен од Љубен Атов сака да сподели со вас?!

За време на обуката ќе иамте можност да се запознаете со поимот дебата, основните елементи на дебатата и видовите на формати за дебатирање.  Фокусот ќе биде ставен на самата примена на дебатата во реалниот свет, каде се таа се користи, односно во кои области и за какви потреби. Дополнително ќе научите повеќе за елементите на дебатата, односно од што треба да биде составена една дискусија за истата да биде целосно и правилно аргументирана. Ова предавање исто така ќе вклучи и подетално објаснување на поимот компетитивна дебата, зошто таа се разликува од останатите, во какви форми се стекнува и која е нејзината важност за младите, но и самото општество.

Звучи интересно?

Тогаш пријавете се на линкот во прилог:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSchAN30t8AwVqfaUP5gMm8pVFQGFe1OUJccr_bvxLEZ7zCOlQ/viewform?usp=pp_url

Обуката е закажана за 01.04.2021 во 18 часот на платформата ZOOM.

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart