Претприемништво како вовед во креација на личноста
Вo април повторно се среќаваме но со малку поинаков предизвик инициран од тимот за младински вештини како дел од проектот од #млади за #млади.
Животните патишта најчесто се една мрежа од одлуки зад кои е неопходно да застанеме. Како да ги вклучиме мозочните сијалички, а сепак да размислуваме надвор од оквирите на секојдневието?
Нашите размислувања треба да се насочени и издржани и да бидат потпора на нашите дела, а најубавите примери кои содржат и иницијатива и акција се младите претприемачи.
Кои се нивните приказни? Колку е тешко да засееш семе без гаранција на плод? Кои се митовите и турбуленциите низ кои поминуваат малите локални бизниси? Многу храброст и посветеност или финансиска поддршка? Квалитет над квантитет?!
И најпосле, како ние се градиме,ги формираме своите ставови и ги остваруваме своите кариерни соништа во склоп со ваквите опкружувања?
Наши говорници ќе бидат Кристина Гаштарова основач на “Sock it up” и Ана Марија Тикова основач на “Tikas Handmade”.
Биди и ти дел од нашата онлајн дружба, слушни и сподели приказна, развиј идеја.
Работилницата е закажана за 14.04.2021 со почеток во 20:30 часот на платформата ZOOM.
Линк за регистрација:
Ве очекуваме!
There are no comments