Здравствената нееднаквост – Нашите заклучоци од дискусијата по повод светски ден на здравјето

zdravstvena neednakvost zaklucoci

Дискусијата по повод денот на здравјето 07.04.2021 со наслов „Градење на еднаков свет за поздраво утро“ се одржа онлајн со нашите амбасадори на здравјето Мартина, Маринела и Драгана. Дознавме дека СЗО секја година по повод светскиот ден на здравјето дава на располагање теми за дискусија, а оваа година темата за која и ние зборувавме на нашиот настан беше „здравствената нееднаквост“ и што е она што може да го направиме за истата да ја намалиме. На нашата дискусија ги донесовме следниве заклучоци:

  • Здравствената нееднаквост е појава која е одамна присутна во здравството. Тоа обично е манифестирано преку давање нееднаква грижа или недостаток од пристап кон здравствени услуги. Но, во текот на пандемијата оваа појава доживува огромен пораст. Имаме исцрпување на целокупниот систем кој вклучува ресурси и медицински персонал.
  • Постојат повеќе типови на здравствена нееднаквост: приватно наспроти јавно здравство, родова нееднаквост и други.
  • Здравствената нееднаквост е голем предизвик за сите држави (развиените и оние во развој) и сите системи се обидуваат некако да ја намалат или да се справат со неа. Сепак, најголем проблем е во оние здравствени системи кои имале неадекватен развој што е најчесто последица од слабо финансирање на системот и несоодветни развојни чекори и организација.
  • Моментално се соочуваме со можен страв од страна на пациентите за потенцијална зараза, што придонесува за намалување на бројот на останатите заболувања што се генерално присутни и регистрирани.
  • Зошто ја имаме таа нееднаквост?
    • Постојат неколку типови на држави во однос на нивниот статус на развој: развиени, во развој и неразвиени.
    • На некои места има огромен напредок, а во други воопшто нема.
    • Според истражување кое опфаќа живородени дечиња во слабо развиен и високо развиен здравствен систем се забележува дека секое 10то дете починува во оние држави со несоодветен, слабо развиен здравствен систем до 5тата година наспроти  едно дете на секои 250 деца во високо развиен здравствен систем. Оваа разлика е огромна.
  • Имаме три причини на глобално ниво што се фактори во здравствената нееднаквост: приходите, моќта и богатството.
  • Што може да се направи за намалување на здравствената нееднаквост?
    • Едукација на населението за нивните здравствени права
    • Стремеж кон заеднички напредок и заедничко здравство
    • Да се намалат физичките, јазичните и половите бариери во здравствениот систем
    • Учество на граѓаните во активна борба за подобар и поорганизирам здравствен систем и меѓусебна соработка помеѓу здравствените професионалци

Оваа дискусија беше организара од Младински Борд со надеж дека отпочнувањето на ваквите разговори ќе донесе до позитивни промени во нашите локални и национални заедници. Се надевамде дека ќе имаме уште вакви одлични дискусии и голема благодарност до нашите амбасадори на здравјето за уште еден успешен настан!

There are no comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Start typing and press Enter to search

Shopping Cart