Ви го најавуваме тренинг курсот кој ќе се одржи од 16 до 19 Април во Штип во просториите на Хотел Изгрев.
Овој тренинг курс е наменет за невработени жени, а со цел да се зголемат нивните потенцијали за самовработување со вештини за еко-практики и заштита на животната средина.
Тренинг курсот нуди многу креативни идеи и способности за потенцијални бизниси.
Ве покануваме да се мотивирате, да ја споделете информацијата со вашите блиски и да бидете дел од оваа посебна можност.
ЕУ и Националните влади на поголем број држави поставија јасни цели и политики за зачувување на животната средина и визија за тоа кон што се стримиме и што сакаме да постигнеме како држави до 2050 година.
Дел од овие мерки опфаќаат намалување на непотребна употреба на загадувачки материјали, повторна употреба и рециклирање, како и усвојување еколошки производствени техники и користење помалку загадувачки алатки во производствените процеси. Од големо значење е во процесите на подигање на свеста за новонастанатите ситуации да бидат вклучени и возрасните кои можат да постигнат доживотно учење само преку создавање и промовирање соодветни можности, како што е оваа иницијатива која произлегува од нашиот проект.
Со други зборови, примарната цел на овој проект е да создаде и промовира можности за учење на ЕКО-ПРИНТ.
Овој проект во кој се вклучени Турција, Македонија и Полска нуди многу можности за нови знаења, нови пријателства, запознавање со работата на голем дел академски профили од сите држави, патување, дружење и забава.
Во прилог подолу е линкот за пријавување: