Повик за ново Erasmus+ искуство – практични вештини, тимска работа и природа! 🌱
👉 Овој пат патуваме и кампуваме во 📍 Novaki, Croatia 🇭🇷
од 🗓️ 29 јуни – 7 јули 2026 на Erasmus+ младинска размена „HOW2LIFE“.
👉 „HOW2LIFE“ е интернационална младинска размена која ги поврзува младите преку практично учење, тимска работа и активности во природа.
🌱 Што е фокусот на проектот?
Проектот се фокусира на развивање основни животни вештини кои често не се учат во училиште, но се важни за независност, самодоверба и личен развој. Учесниците ќе имаат можност да учат преку практични активности и реални ситуации во поддржувачка интернационална средина.
📚 Преку активности како готвење, градинарство, групни предизвици, креативни работилници и активности во природа, учесниците ќе развиваат вештини за комуникација, тимска работа, решавање проблеми, независност и соработка.
⛺ Важно за сместувањето:
Ова е кампинг проект. Учесниците ќе бидат сместени во поголеми шатори, со обезбедена опрема од организаторите. Шаторите се опремени со вреќи за спиење, перници, чаршафи, ќебиња, душеци и светло.
До шаторите има куќа со кујна, chill/workspace простории. Учесниците треба да бидат подготвени за камп услови, заеднички камп живот, активности на отворено и престој во рурална/оддалечена локација. Кампувањето е важен дел од проектното искуство и не може да се замени со хотелско сместување
👥 Кој може да аплицира?
✔️ Млади на возраст од 15 до 17 години
✔️ Лица со интерес за кампување, готвење, градинарство, групни предизвици и природа
✔️ Мотивирани за учество во интернационална средина
✔️ Подготвени за кампување, престој во шатори и активности во природа
‼️ Краен рок за аплицирање: 29.05 (петок)
https://forms.gle/c557GsP1rTRahmHm9